Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Дарјан Сотировски, присуствуваше на Архиерејската божествена литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, во чест на празникот Христово раѓање – Божик, а со којашто чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан.
Големиот христијански празник Божик ја испраќа пораката за сплотеност и заедништво на коишто е потребно да е посветен секој човек, во секој ден од индивидуалниот и општествениот живот. Само споделената радост е радост и само заедничката среќа е среќа и затоа со одлучни чекори да продолжиме по патот до заедничкото добро.
Христос се роди! Спокојни празнични денови!