На предлог на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, доцна вечерва, со мнозинство гласови, Собранието на Република Северна Македонија ги избра четворицата нови министри:
- Кренар Лога, за министер кој ќе раководи со Министерството за правда;
- Фатмир Меџити, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство;
- Азир Алиу, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација;
- Каја Шукова за министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Како Влада, продолжуваме, ефикасно да ги спроведуваме реформите во интерес на граѓаните и ќе го зајакнуваме парламентарното мнозинство, по трасираниот, европскиот пат, со цел членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, како национален и стратешки државен интерес.