Јавен оглас бр.03/2023 за именување на претседател и 3 (три) члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија
Врз основа на член 17, член 18 став 1 и став 2, член 20 став 1 од Законот зa енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/19 и 236/22), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.03/2023
за именување на претседател и 3 (три) члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија
1. На предлог на Владата на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија ќе именува претседател и три члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, имајќи ја предвид соодветната и правичната застапеност на припадниците на сите заедници.
2. Еден член на Регулаторната комисија за енергетика е стручно лице за правни прашања од областа на енергетиката, еден член е стручно лице за економски прашања од областа на енергетиката и/или водните услуги, еден член е стручно лице за технички прашања од областа на водните услуги и останатите членови се стручни лица за технички прашања од областа на енергетиката.
3. Мандатот на секој член и на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика изнесува пет години и ниту еден член не може да биде на таа функција повеќе од два последователни мандати.
4. Функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика се врши професионално и е неспојлива со извршување на друга функција, функција во политичка партија или работно место. Ако членот на Регулаторната комисија за енергетика пред именувањето бил во работен однос, работниот однос му мирува.
5. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ја претставува и застапува Регулаторната комисија за енергетика во земјата и во странство и има други права, обврски и овластувања утврдени со статутот.
6. За претседател и член на Регулаторната комисија за енергетика може да биде именуван државјанин на Република Северна Македонија кој ги исполнува следниве услови:
1) има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на електротехника, машинство, технолошки науки, градежништво, економија или право;
2) во последните 15 години пред именувањето да има најмалку десет години работно искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги;
3) најмалку две години пред именувањето за член на Регулаторната комисија за енергетика да не бил член на орган на управување или орган на надзор на друштво кое врши енергетска дејност, односно дејност поврзана со водни услуги и
4) во моментот на именувањето, со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
7. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) кратка биографија;
2) уверение за државјанство;
3) диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на електротехника, машинство, технолошки науки, градежништво, економија или право;
4) доказ дека во последните 15 години пред именувањето да има најмалку десет години работно искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги;
5) доказ дека најмалку две години пред именувањето за член на Регулаторната комисија за енергетика да не бил член на орган на управување или орган на надзор на друштво кое врши енергетска дејност, односно дејност поврзана со водни услуги и
6) доказ дека во моментот на именувањето, со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
8. Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување претседател и три члена на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија“.
9. Нето платата на претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика не може да биде повисока од збирот на пет просечни месечни нето плати исплатени во Република Северна Македонија во претходната година, според податоците објавени од Државниот завод за статистика.
10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
11. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
12. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.