Поради важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје - Блаце, Кичево - Букојчани, железницата Кичево - Лин, заедничките гранични контроли со Република Албанија и Република Косово и реализацијата на Коридорот 8, Владата на Република Северна Македонија го назначи д-р Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, за координатор за следење на работите и за координација на сите активности, со цел нивна навремена реализација.
На денешната владина седница се донесени и други кадровски одлуки. Со нив, Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ - Охрид, на негово барање. Владата одлучи да го именува Александар Бузлевски за в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ - Охрид.
Владата донесе и одлука Розита Благојевиќ да ја разреши од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. Одлучено е Драган Угреновиќ да биде именувам за директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.