Потпишување на новиот Општ колективен договор за јавниот сектор

Денеска, 18 јули 2023 година, во 16:30 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор.

На настанот свое обраќање ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов. 

Потоа и официјално ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор од страна на  министерката Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Трендафилов.

Настанот ќе се пренесува во живо во Медија Центарот во Владата, како и на следните линкови:

Линк од настанот на македонски јазик

Линк од настанот на албански јазик

По потпишувањето на договорот во Свечена сала, ќе се одржи прес- конференција во 17:00 часот на која изјави за медиумите ќе дадат вицепремиерот Битиќи, министрите Бесими и Тренчевска, како и претседателот на ССМ, Трендафилов.

Линкови за следење во живо на прес-конференцијата:

Прес- конференција на македонски јазик

Прес- конференција на албански јазик

Календар Влада: 
Вторник, Јули 18, 2023 - 16:30 to 17:30