Потпишување на новиот Општ колективен договор за јавниот сектор
Денеска, 18 јули 2023 година, во 16:30 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор.
На настанот свое обраќање ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов.
Потоа и официјално ќе биде потпишан новиот Општ колективен договор за јавниот сектор од страна на министерката Тренчевска и претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Трендафилов.
Настанот ќе се пренесува во живо во Медија Центарот во Владата, како и на следните линкови:
Линк од настанот на македонски јазик
Линк од настанот на албански јазик
По потпишувањето на договорот во Свечена сала, ќе се одржи прес- конференција во 17:00 часот на која изјави за медиумите ќе дадат вицепремиерот Битиќи, министрите Бесими и Тренчевска, како и претседателот на ССМ, Трендафилов.
Линкови за следење во живо на прес-конференцијата: