Владина делегација ќе положи цвеќе на Споменикот на жртвите од скопскиот земјотрес
Утре, 26.07.2023 година (среда) во 10:00 часот, по повод 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, владина делегација предводена од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел.
Календар Влада:
Среда, Јули 26, 2023 - 10:00 to 11:00