Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, се наоѓа во официјална посета на главниот град на Естонија, Талин.
Покрај посетите и средбите, министерот Алиу ќе дискутира и на панел сесијата насловена „Дигитална безбедност на Западен Балкан“ заедно со колегите од регионот и пошироко.
Во рамки на ,,Tallinn Digital Summit”, министерот Алиу оствари средба со Кеит Стриер - потпретседател на Светската иницијатива за вештачка интелигенција во Корпорацијата NVIDIA.
,,Имавме продуктивна средба за тоа како да ја поттикнеме соработката помеѓу Северна Македонија и NVIDIA за различните аспекти на вештачката интелигенција.
Ние, се договоривме да формираме работна група која ќе го следи развојот на националната стратегија за вештачка интелигенција за Северна Македонија, ќе ги истражува можностите и предизвиците на учење и неговите апликации.
Да имплементираме решенија за вештачка интелигенција во јавниот сектор и да го подобриме процесот на донесување одлуки во креирање политики, да ја оптимизираме хардверската инфраструктура и процесите за воспоставување на вештачката интелигенција.
Се договоривме да ги “здружиме силите” за да аплицираме во програмата ,,Дигитална Европа” за подобрување на дигиталната инфраструктура и процесот на дигитализација на нашата земја.
Ја изразуваме нашата благодарност до Страјер за вредните совети и поддршката. Со нетрпение очекуваме да работиме за унапредување на агендата за Вештачка Интелигенција и пошироко во Северна Македонија”, изјави министерот Алиу.