Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан #МКЕкономија „Довербата расте” наменет за компаниите корисници на Законот за финансиска поддршка на инвестиции

На 09 октомври 2023 година (понеделник) со почеток во 10:30 часот, во хотел „Александар Палас“, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан  #МКЕкономија „Довербата расте” наменет за компаниите корисници по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

На настанот, свои обраќања ќе имаат и вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши. Потоа, ќе следи инфо сесија за компаниите поврзана со процедурите за користење на Законот, а ќе бидат споделени и искуства од страна на фирмите корисници.

По завршување на настанот, предвидени се новинарски прашања.

Настанот може да се следи и во живо на следните линкови:

Линк на македонски јазик
Линк на албански јазик

Календар Влада: 
Понеделник, Октомври 9, 2023 - 10:30 to 11:30