Премиерот Мицкоски ќе присуствува на промоција на странската инвестиција на Alcazar Energy Partners

Претседателот на Влада на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на странската инвестиција на Alcazar Energy Partners, водечкиот инвеститор во обновливи извори на енергија во пазари во развој, која ќе го објави почетокот на активности за најголемиот парк на ветерници во државата со капацитет до 400MW.   

Alcazar Energy е водечки независен одржлив фонд со седиште во Луксембург и тим на советници со седиште во Дубаи кои се фокусираат на големи проекти за обновлива енергија на пазарите во развој. 

Промоцијата ќе се оддржи денес, 25.06.2024 година во Хотел DoubleTree, Хилтон- Скопје со почеток во 11:30 часот. 

Покрај претседателот на Владата ќе се обратат Даниел Калдерон, извршен директор на Alcazar Energy, како и министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Календар Влада: 
Вторник, Јуни 25, 2024 - 11:30 to 12:30