Груевски: Македонија е на 22-то место на Светската банка, пред 19 членки на ЕУ

Македонија денес се наоѓа на 22-то место на ранг листата Светска банка според условите за водење бизнис за разлика од 2006 година кога била на 96-то место, изјави македонскиот премиер Никола Груевски во врска со оценките на условите за водење бизнис во Македонија од страна на оваа институција.

- Светската банка секоја година објавува ранг листа со која кажува на кое место е секоја земја според условите за правење бизнис. Македонија во 2006 година кога дојдовме на власт беше 96-та. Тоа е е официјален податок на Светска банка. Денес Македонија е на 22 во светот по услови за водење бизнис, пред сите земји во Централна и Источна Европа и пред 19 земји членки на ЕУ. Само 8 земји членки на ЕУ се пред Македонија за правење бизнис. Земете го списанието Дуинг бизнис и уверете се, рече премиерот Груевски во интервју за емисијата „Икс Нула“ на Канал 5 телевизија.