Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска беше домаќин на амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер, придружуван од заменик-шефот на мисијата, г. Матијас Хуменбергер.
На средбата г-дин Фетаи се заблагодари на амбасадорот Памер за незаменливата поддршка од Австрија за нашата земја, особено во контекст на процесот на интеграција во ЕУ, реформата на јавната администрација и борбата против корупцијата.
Меѓу другото на средбата, стана збор за приоритетите на Владата во однос на владеењето на правото и зголемувањето на институционалната транспарентност, како суштински елементи за ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Амбасадорот Палмери вети билатерална поддршка преку Австриската агенција за развој за одредени проекти во имплементацијата на владините приоритети со цел подобрување на управувањето и отчетноста.