Заменик претседателот на Владата, Арбен Фетаи, го пречека на куртоазна посета новиот амбасадор на Кралството Белгија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Н.Е г. Пол Ламберт.
На средбата, Фетаи и Ламберт дискутираа за наоѓање решение за надминување на последниот услов кој го попречува започнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.
Заменик претседателот Фетаи го информираше амбасадорот Ламберт за своите приоритети, кои се фокусирани на борбата против корупцијата, зголемување на транспарентноста во работата на државните институции и процесот на конфискација на имотот стекнат на незаконски начин. Тој истакна и важноста на соработката со граѓанскиот сектор како клучен партнер за имплементација на реформите и зајакнување на владеењето на правото.
Средбата беше можност за размена на мислења и идеи за продлабочување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Белгија, особено во контекст на европската интеграција, како и во економските, академските и политичките области.
Заменик претседателот Фетаи изрази благодарност за поддршката од Белгија и нагласи дека, имајќи ги предвид неговите тесни врски со Белгија, со задоволство ќе ја игра улогата на мост меѓу двете земји.