Мицкоски: Ќе се гради нов мост кај Башино Село, постојниот е небезбеден за сообраќај

Градоначалникот кажа најголем дел од деталите коишто се поврзани со за жал ова што мора да се случи сега и мора да го направиме овој чекор, бидејќи не сакаме да дојде до последици коишто ќе значат и губење на човечки животи. За жал, во минатото иако се констатирало, иако градоначалникот уште во 2018 година, тогашниот, апелирал до тогашната Влада да се реконструира, да се посвети внимание на овој мост. Добро е да се знае дека овој мост е изграден во 1971 година, како времено решение од страна на тогашната Армија. После толку години, еве би рекол ако денеска го гледаме, тоа се 53 години, ова времено решение полека но, сигурно станувало некако трајно решение и дојдовме до состојба во којашто мора да се преземат вакви чекори.

Јас од мое име би сакал да им се извинам на велешани и на сите оние граѓани, коишто во следниов период за жал ќе имаат зголемен сообраќај низ Велес и нема да може да се користи овој мост за сообраќај. Навистина жалам што ова мора да се случи но, подобро да ние примиме некој политички куршум, отколку да не дај боже загубиме човечки живот, 53 години за жал ништо, 54 година ништо не се направило.

Колегите од Градежниот факултет и покрај тоа што, ќе повторам градоначалникот тогашен уште во 2018 година апелирал и покрај тоа што во 2019 сменета категоризацијата од локален во државен ништо не е направено. Станува збор за седум милиони денари, коишто се барани за санација на истиот.

 Ништо не е направено и сега сме доведени во ситуација во којашто сме, да колегите од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, донесат заклучок во којшто се вели дека, во овој момент се забранува секако вид на сообраќај на овој објект, бидејќи конструкциите се од висок ризик. Инаку вака од прилика изгледаат хоризонталните носачи. Еве да видите како изгледа отприлика. Практично комплетно имаме уништена и арматура и бетонска конструкција отприлика вака сетo тоа изгледа.

Еве отприлика уште некоја слика да видат граѓаните како сето тоа изгледа, тоа е целосно уништено. Припадници од Министерството за внатрешни работи од специјалните единици, се тука има и нуркачки активности, за да може колку толку да снимаат одоздола, во делот на темелењето за да може да им се даде на колегите од Градежниот факултет, час поскоро да го изготват тоа техничко решение, за коешто зборуваше градоначалникот, за да може во следните до 90 дена максимум, имаме каков таков сообраќај барем во едната лента, преку користење на сигнализација со семафор. А на некој си би рекол 50 метра подоле, здравје боже во втората половина од оваа година ќе почне изградбата на новиот мост. Од директорот на Јавното претпријатие државни патишта, сум информирам дека следниов период, следниве недела-две, месец најдоцна, ќе заврши повикот за избор на проектанти. Тие веднаш ќе можат да почнат да проектираат. Месец и половина, до два, би било проектирањето, а потоа јавна набавка, тендер и очекуваме некаде втората половина од следната година да биде изготвен проектот, изведувачот да се избере и така натаму и да може да се изгради новиот мост.

 Во еден момент како што кажа и градоначалникот ќе имаме и времен сообраќај овде и градба на нов мост. Здравје боже за брзо од денеска ќе имаме многу побезбедна би рекол стабилна комуникација во рамките на градот Велес.

Ја користам можноста еве да уште еднаш, им се извинам на жителите на Велес и на околината, којшто периодов ќе бидат би рекол сведоци на зголемен сообраќај којшто ќе се случува низ градот Велес. Но, ќе повторам, затоа сме тука. Јас заедно со колегите и министерот за транспорт и вицепремиер, министерот за внатрешни работи, пратениците се тука, градоначалникот, директорот на Јавното претпријатие. Подобро ние да бидеме тие коишто ќе ја понесат таа политичка тежина, отколку не дај боже да загубиме човечки живот и тогаш после, сите ние да бидеме виновни, зошто сето тоа не сме го направиле порано. Затоа се одлучивме на овој чекор.