Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со германската амбасадорка Дреклсер

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, предводена од Н.Е. амбасадорката Петра Дрекслер.

На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а соговорниците изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување. 

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото ја запозна амбасадорката Дрекслер со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците, плановите за оваа календарска година и нагласи дека интензивно се работи на промена на односот кон помалите етнички заедници, но и фактот дека МОЗ треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава. 

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, и дека истата дополнително треба и може да се продлабочи.

Со почит,