Морам да кажам дека состојбата која што била затекната во 2017тата година јули месеци била состојба која што околу 73 компании биле во процес или веќе донесена одлука за инвестирање кај нас. Што се случи, зошто не инвестирале, кој е проблемот, тоа е друга тема на која што на друго место и други институции треба да се позанимаваат. Но, факт е дека најголем дел од тие компании кои не инвестирале тука, инвестирале да речеме на север.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница во однос на директните странски инвестиции.
„Одлучивме сите оние кои што се заинтересирани и кои што се во процес да ги повикаме да ги сослушаме и да видиме дали можеме да најдеме заеднички јазик и како можеме да ги донесеме кај нас да инвестираат. Она кое што е важно е дека милијардата ја поминавме во ноември, милијарда и 40 милиони евра, за декември чекаме, во февруари од прилика ќе се знае каква ќе биде состојбата со инвестициите оваа година. Но, она кое што е многу значајно е што од мај до ноември имаме 120 милиони евра месечно инвестиции.“, изјави премиерот Мицкоски.
Мицкоски посочи дека очекува во февруари Македонија да биде земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа.
„Ние со оваа милијарда која што очекувам да биде конечно во февруари, ќе бидеме земја со најголем број на странски инвестиции по глава на жител во Европа. Нешто што одамна не сме биле, се сеќавате бевме на дното. И ова ни е многу важно, затоа што во пресметката на БДП во услови на криза во автомобилската индустрија и намалено индустриско производство, во услови на намалена побарувачка на суровини од нашите рудници, странските инвестиции, туризмот, услугите и земјоделието се тие кои што треба да го покријат тој недостаток, односно таа разлика која што ќе се случува во БДП.
Оваа година во февруари фрламе нов камен темелник, во април започнуваме производство на инвестиција која што е постоечка. Таа постоечка инвестиција ќе објави според она кое што ние го очекуваме уште една инвестиција.
И сето тоа е она кое што го работевме изминатиот период, порача Мицкоски и додаде дека инвестицијата на Алказар Енерџи очекува крајот на јуни месец да стави камен темелник на ветерниот парк во вредност од половина милијарда долари.
Странските инвестиции остануваат наш фокус. Странските инвестиции се наш приоритет, исто како и домашните инвестиции.“, дециден е премиерот Мицкоски.