Денеска (5 февруари) во Министерство за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
Министерот Мисајловски изрази подготвеност за поддршка и имплементација на новиот билатерален план за соработка со Австрија кој опфаќа широк спектар на активности од различни области.
„Ја цениме нашата заедничка соработка за која секогаш има простор за унапредување и развој. Преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста“ рече Мисајловски.
На средбата беше заклучено дека преку заедничката одбранбена соработка ги развиваме и јакнеме одбранбените способности на нашите земји, а со тоа ја зацврстуваме и безбедноста на поширокиот регион.