Николоски: Ќе ја реконструираме и ќе изградиме ново крило на болницата „Св. Еразмо“ - во Охрид

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека на денешната седница на Владата се донела одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо“ - Охрид. Во продолжение текст и линк до објавата.
 
„На денешната седница на Влада се донесе одлука за РЕКОНСТРУКЦИЈА и изградба НОВО КРИЛО на болницата „Св. Еразмо“ - Костозглобна во Охрид. 
 
Со денешната одлука предвидени се 2 милиони евра за оваа намена и со ова исполнуваме уште едно ветување.
 
Св.Еразмо - специјална болница за ортопедија и трауматологија е од огромно значење за жителите на општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен, а се вршат и посложени медицински операции за жителите од цела Македонија.
 
Продолжуваме посветено во сите сегменти и продолжуваме со уште поголеми проекти! – напиша вицепремиерот Николоски.