Јавен oглас Бр.35/2025 за именување на директор и заменик на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони
Врз основа на член 14 од Законот за технолошки индустриски развојни зони („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/07, 103/08, 130/08, 139/09, 156/10, 127/12, 41/14, 160/14, 72/15, 129/15, 173/15, 192/15, 217/15, 30/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.13/23 и 59/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
за именување на директор и заменик на директорот на
Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор и заменик на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, со мандат од четири години.
- За директор и заменик на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Да има минимум пет години работно искуство;
- Да има најмалку три години работно искуство на раководно место;
- Да има искуство од соработка со меѓународни организации и институции;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик и тоа:
- ТОЕФЕЛ ИБТ со најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) со најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- За директор и заменик на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Доказ дека има минимум пет години работно искуство;
- Доказ дека има најмалку три години работно искуство на раководно место;
- Доказ дека има искуство од соработка со меѓународни организации и институции;
- Меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик и тоа:
- ТОЕФЕЛ ИБТ со најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) со најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор и заменик на директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони – со наведување на позицијата за која аплицира“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.