Дурмиши: Потрошувачката кошничка ја носиме со реални бројки – нема повеќе калкулации без податоци*

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во емисијата „Бизнес+“ објави дека Владата официјално го задолжила Министерството да ја достави методологијата за пресметка на потрошувачката кошничка, како одговор на податоците кои, според него, ги објавуваат неофицијалните извори.
Според Дурмиши, меѓуинституционална работна група два месеци изработила нова и точна методологија, која не ги вклучува алкохолот и цигарите, туку само реалните трошоци за живот на домаќинствата.
„Правиме кош што го отсликува реалниот живот - а не извештаи со бројки кои не се знае од каде доаѓаат“, рече Дурмиши.
Тој нагласи дека пред објавувањето, драфтот ќе биде споделен со Економско-социјалниот совет и со сите инволвирани страни, со цел да се има точна основа врз која ќе се градат економските политики на Владата.