Промовирани 20 нови изданија од владиниот проектот за превод на странски стручна литература
Нови 20 изданија од владиниот проект „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, беа промовирани денеска во Читалната „1000 книги“ во Градскиот трговиски центар во Скопје.
Премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука Панче Кралев, кои ги промовираа новите изданија, истакнаа дека проектот за превод, објавување и дистрибуција на странска стручна литертура не застанува, туку продолжува со истото темпо.
- Како никогаш претходно, врвни дела од областа на медицината, зејоделството, правото, економијата, информатиката, природните и општествените науки и во сите други научни сфери, постојано и постојано се додаваат на рафтовите на македонските библиотеки, читални и факултети, рече премиерот Груевски.
Денешната промоција, посочи, е 41. од проектот за превод на 1000 стручни, научни книги и учебници, со што бројот на досега преведени, промовирани и дистрибуирани изданија ја надмина бојката од 700.
- Сите овие дела се репер и патоказ за насоката во која се движи светската научна мисла, што може да биде само од корист за развојот на домашната мисла и научна продукција, истакна макеоднскиот премиер, додавајќи оти со тоа се зајакнуваат и знаењата кои ги примаат студентитет и идните професионалци.
Токму младите и студентите, рече Груевски се оние кои во иднина ќе ги моделираат политиките на развојот на Македонија и од нив ќе зависи дали во земјата ќе се спроведуваат квалитетни политики во чекор со развиените и напредни земји.
Министерот Кралев изрази уверување дека 20-те нови преведени книги, како и сите претходни и идни изданија од овој проект, распоредени на полиците на библиотеките ќе придонесат за проширување на знаењата на сите заинтересирани читатетли, како и за следење на светските текови во одредени области.
- Можноста да се користи најнова научна литература и да се консултираат најнови научни сознанија по одделни области, дава придонес во едукацијата и идниот професионален развој, усовршување и оспособување на стручниот кадар, рече Кралев.
МОН како координатор на проектот ќе продолжи со промоција на дистрибуција на преведените научни изданија. За позитивните резултати од проектот, наведе Кралев, говори и поддршката што за него ја изразуваат граѓаните на Репиблика Македонија.