Средба на Бесими со поранешните министри за одбрана и началници на ГШ
Новата формација на АРМ, прогресот во евроатлантските интеграции - членството во НАТО, мировните мисии и модернизацијата на Армијата, беа темите на кои се разговараше на денешната неформална средба на актуелниот министер за одбрана Фатмир Бесими со поранешните министри за одбрана и началници на Генералштабот на АРМ како дел од активностите во рамки на одбележувањето на јубилејот „20 години АРМ“.
Заеднички било заклучено дека е потребно ваквите средби да станат традиционални годишни во интерес на македонската одбрана.
Иако поканети, на средбата не се појавија поранешниот министер за одбрана Зоран Коњановски и екс началникот на ГШ на АРМ и актуелен советник во Генералштабот, генералот Мирослав Стојановски.
Министерот Бесими ги информирал своите поранешни колеги за планираните активности за одбележувањето на „20 години АРМ“ и Денот на АРМ - 18 август односно за утрешната свечена академија во Домот на АРМ и церемонијата во скопската касарна „Илинден“.