Владата обезбеди средства за модернизација на 16 училишта

Прес-конференција на портпаролот на Владата на Република Македонија, г-дин Александар Ѓорѓиев

Почитувани,

Владата особено внимание обрнува на развојот на образованието, тоа е стратешка определба и тоа се остварува преку реформи, обезбедување на опрема и инвестиции во образовна инфраструктура. Значаен, и суштински и финансиски дел од образовната инфраструктура имаат проектите за модернизација, реновирањето и реконструкцијата на училиштата..

Веќе објавивме дека Владата определи 132 училишта во 49 општини, во кои ќе се извршат 192 реконструкции и реновирања. Тој процес трае и во тек е избор на економски оператор за вршење на работите.

Сакаме да информираме за нов проект во оваа област, а тоа е дека Владата одлучи да започне проект за модернизација на дополнителни 16 училишта, од кои 6 средни и 10 основни училишта, за која цел се обезбедени 3 милиони евра во соработка со Банката на Советот на Европа. Средствата се грант и на нив нема да се плаќа никаква камата, и се добиени како заслуга и како резултат на активноста на државата на полето на инвестициите во образованието.  

Модернизацијата значи дека ќе се реконструираат надворешноста и внатрешноста на училиштата прозорци, кровови, подови, инсталации за греење и санитарни јазли, фасадна интервенција, и останати потреби кои се битни за училиштето. Се работи за следните училишта, кои се одбрани по пат на доставени проекти на јавен конкурс и за кои е проценето од страна на стручни комисии дека треба да се преземат интервенции.

Средни училишта:
Кочо Рацин во Велес, 840 ученици
Љупчо Сантов во Кочани, 868
Таки Даскало во Битола, 1450
Јосиф Јосифовски во Гевгелија, 1132
Кирил Пејчинович во Тетово, 2930
Ибрахим Темо во Струга, 1340