Признанија од ЕБОР за компаниите со најдобри енергетски проекти

 „Европа“ – Скопје,  „Контихридропласт“ - Гевгелија, „Киро Дандаро“ – Битола и „Беташпед“ се дел од компаниите кои со средства од фондот на Еврпската банка за обнова и развој инвестираа во проекти за енергетска ефикансост. Признанијата за нивниот избор за најдобри проекти денеска беа доделени во Скопје.

И бизнис секоторот и владата и финансиските институции се согласуваат дека инвестирањето во енергетска ефикасност е исплатливо и неопходно.

Според министерот за економија Ваљон Сарачини, денешната презентација и наградите покажуваат дека и македонските компании почнуваат да вложуваат во енергетсата ефиканост.

– Кога ќе видите дека за една инвестиција од 900 илјади евра годишните заштеди се околу 300 илјади евра и повратот на инвестицијата е за околу три години навистина е многу паметно да се инвестира во такво нешто, истакна на доделувањето на признанијата министерот Сарачини.

Енергетска ефиканост, како што додаде министерот, не е врвен приоритет само за Владата и јавниот сектор, туку и за индустријата  каде ефикасното користење на енергијата е еден од суштинските фактори за раст и конкуреност на економијата во земјата.

Тој потенцира дека подобрувањето на енергетската ефикасност и поголемото искорустување на обновливите извори на енергија остануваат прироритет за Владата и оти е многу важен сегмент за економијата во земјата.  – Владата на Република Македонија во септември 2010 година донесе Стратегија за искористување на обновливите извори на енергија за периодот до 2020 година и Стратегијата за унапредување на енергетската ефиканост во Република Македонија до 2020 година. Во април 2011 година го донесе првиот Акциски план за енергетска ефиакнсот според кој до 2018 година се предвидува вложување од 400 милиони евра и заштеда од 1,3 милиони евра, рече Сарачини.

Евроамбасадорот Аиво Орав потенцира дека енергетската ефикасност кај компаниите нема да влијае само на намалување на трошоците за енергија, туку ќе ја подобри и нивната конкуреност. - Секое едно евро инвестиција во енергетска ефикасност заштедува повеќе од две евра од трошоците за енергијаи потрошувачката на горива. Истовремено ја заштитуваме животната средина, рече Орав додавајќи дека постигнувањето на овие цели може да биде тешко и бара многу пари.

Според него, владите, приватниот сектор и енергоенергетските компании мора да работат заеднички за подобрување на енергетската ефиканост што се потребни за одржлив развој.

Директорката на „Европа“ Савка Димитрова порача дека  инвестицијата во која било компанија што доведува до заштеда на енергија претставува голем бенефит.  - Воопшто нема дилема дали теба да се инвестира, тоа е нопходна потреба и инвестицијата е многукратно корисно, од една страна се штити околината, а од друга страна се штедат средства за енергенсите, истакна Димитрова.

За проекти за енергетска ефиканост во Македонија  преку WeBCEFF програмата се предвидени 12 милиони евра. Средствата се пласираа преку Охридска банка, Халк банк и НЛБ Тутунска банка. Реализирани средства за одобрените проекти  се 42.595.391 евра. Од реализираните проекти 10 се во доменот на енергетска ефиканост, 9 се инвестиции во одржлива енергетска ефикасност и еден е комбиниран проект.  Просечен период на поврат на инвестицијата преку заштеди во Македонија изнесува 3,71 година. Дваесет отсто од средствата што ги добиваат компаниите се грант.  Во програмата на ЕБОР покрај Македонија вклучени се и Босна и Херцеговина и Србија, а кредитната линија изнесува 60 милиони евра.

Елена Урумовска, директор на канцеларијата на ЕБОР во Македонија, најави дека до крајот на годината ќе бидат достапни нови средства од ЕБОР за проекти за енергетска ефикасност, кои покрај приватниот сектор, ќе може да го користат и јавните институции. Како што појасни, наместо 20 проценти за јавните институции грантот ќе изнесува до 15 проценти, а за приватните компании 10 проценти.  За новата кредитна линија се уште не се избрани локалните банки преку кои ќе се пласираат средствата.