Промовирана реставрираната Саат-кула во Гостивар
Министерката за култура Елизабета Каческа-Милевска денеска во Гостивар ја промовираше реставрираната Саат-кула, споменик на културата од почетокот на 17 век. Зафатот финансиран од Министерството за култура почна на крајот на јули, а заврши пред неколку дена.
- Посебно ми е драго што овој значаен споменик го доби својот автентичен архитектонски изглед. Следната година се очекува да биде направено осветлувањето и да се заврши ентериерното уредување. Со тоа објектот ќе биде отворен за туристички посети и за сите кои сакаат да ја посетат неговата внатрешност, изјави Канческа-Милевска.
Таа нагласи дека заштитата на културно-историските споменици е меѓу приоритетите на Министерството за култура и дека тоа се залага вакви проекти да се реализираат во сите делови на Македонија.
Гостиварската Саат-кула стара четири века е симбол на градот и ја има на на грбот на општината.
Канческа-Милвеска во Гостивар беше придружувана од министерот за локална самоуправа Невзат Бејта и од директорот на Конзерваторскиот центар Аднан Фејзулаи.