Груевски: Македонија дел од Јужен тек, работиме на договорот
Македонија е дел од „Јужен тек“ и се работи на договорот со Руската федерација, изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали Македонија ја има во првата фаза од проектот „Јужен тек“.
- Македонија е дел од првата фаза на проектот „Јужен тек“. Како што знате на почетокот ја немаше, но подоцна по разговорите со руските валсти и со „Газпром“ Македонија беше вклучена како крак и токму затоа е со испрекинати линии на она што деновите беше презентирано во јавноста, наведе Груевски.
Тој информира дека веќе е добиен предлог договор од Руската федерација, разгледан е, и забалешките се испратени до руската страна. - Доколку Македонија не беше вклучена Руската федерација немаше да ни испрати предлог договор да го потпишеме, изјавио премиерот, по почетокот на градежните работи за ревитализација на пругите Табановце-Куманово и Миравци-Смоквица од Коридорот 10.