Ѓорѓиев: Неодговорно е да се лицитира со прашање од врвен државен и национален интерес
Портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев денеска по барање на новинарите да даде коментар за шпекулациите кои се појавија во некои медиуми, а се однесуваат на наводниот предлог Северна Република Македонија од медијаторот Метју Нимиц за решавање на прашањето за името, дециден оти Владата го повторува претходно искажаниот став.
- Неодговорно е да се лицитира со кои било детали или пак аспекти во однос на ова сериозно прашање од врвен државен и национален интерес. Можам да кажам дека не е точно она што беше лиферувано во медиумите, потенцира владиниот портпарол Ѓорѓиев.