Лино Червар доби македонски пасош
Премиерот Никола Груевски денеска, заради особени заслуги во спортот и промоција на Македонија, на светски познатиот ракометен стручњак и актуелен тренер на РК „Металург“ Лино Червар му го врачи македонскиот пасош.
На вчерашната владина седница беше донесена одлука Червар да добие македонско државјанство.
Червар е во Металург од 2009 година и клубот со него ги постигна најголемите успеси во својата историја. Металург годинава го повтори ланскиот успех и обезбеди влез во топ 16 во Лигата на шампионите. Металург има освоено три шампионски титули и еден куп на Македонија и има играно финале во СЕХА лигата.
Лино Червар како тренер на хрватската репрезентација освои злато на Олимписките игри во Атина, 2004, на светските првенства во 2003 во Португалија, а сребро во 2005 во Тунис и во 2009 во Хрватска.
На европските првенства во Норвешка во 2008 и во Австрија 2010 освои сребро.