Целосно либерализирана трговијата на земјоделско-прехранбени производи со Албанија

Земјоделско-прехранбените производи од Македонија и Албанија ќе се разменуваат без плаќање  царина, соопшти Министерството за економија.

Либерализацијата на трговијата на овој вид производи меѓу двете земји е во согласност со Дополнителниот протокол кон Договорот за изменување и пристапување на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006),  кој е ратификуван и објавен  во Службен весник на Република Македонија.

- Со дополнителната либерализација укинати се царините на преостанатите 46 отсто земјоделско-прехранбени производи кои досега се разменуваа со полна царина или се разменуваа во рамки на меѓусебно договорени преференцијални квоти, информира Министерството за економија.