На Универзитетот на ЈИЕ презентирани новите портали од областа на економијата

Министерот за економија Ваљон Сарачини учествуваше на денешното претствување на три нови портали наменети за унапредување на економијата што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.

- Заедно со претставници од бизнис секторот од полошко, УСАИД, професори од Универзитетот денеска го промовираме новиот портал конкурентност.мк како одговор на брањата и во соработка со бизнис заедницата. Почнувајќи од денеска на страницата транспарентно и едноставно ќе може да се пронајдат сите програми од повеќе институции. Досега заинтересираните мораа да посетат повеќе институции или шалтери, а сега тоа ќе може да го прават на едно место. Тука ќе бидат сите програми од Министерството за економија, како програмите за развој на малите и средни претпријатија, за развој на занаетчиството, програмите на Агенцијата за странски инвестиции, како и на министерствата за труд и социјална политика, образование и науака и сите други инситуции. Исто така, тука ќе може на едноставен начин да се добијат и информации за аплицирање во европските фондови и користење на ИПА средствата, како и едукативни апликации за зајакнување на конкурентноста на македонските компании, а со тоа и на нашата економија, рече Сарачини.

Тој посочи дека денеска ќе биде промовиран и проектот „Биди перспективен, започни свој бизнис“, наменет за студентите со што, како што рече Сарачини, на сите оние што имаат добар бизнис план им се посочуваат инстуциите каде може да аплицираат за добивање средства кои ќе ги инвестираат за започнување нов бизнис, а со тоа и отворање на нови работни места.

Денеска беа претставени и порталите ener.gov.mk и investinmacedonia.com. Покрај во Тетово ваков настан претходно се одржа во Битола, а следниот е закажан за утре во Штип.