Премиерот Груевски и владин тим на бизнис форум во Хамбург

Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, а во чиј состав се и заменик претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Владимир Пешевски, министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, г-дин Бил Павлески и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, г-дин Виктор Мизо, денеска (вторник 09.07.2013 година) во Хамбруг, Германија ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форум за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за отворање и реализација на инвестиции.

Форумот е организиран во соработка со Стопанската комора во Хамбург.

Владината делегација ќе оствари и повеќе средби со претставници на повеќе германски компании кои имаат интерес за инвестирање во Македонија.