Груевски: Најмалку што треба да направи опозицијата е да му се извини на Вељаноски

Опозицијата треба да му се извини на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за се она што му го направи на 24 декември, изјави денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи ги барањата на СДСМ и другите опозициски парламентарни партии за оставка на првиот парламентарец.

- Ако малку има доблест, опозицијата треба да му се извини на претседателот на Собрнието Трајко Вељаноски за тоа што му го правеше во Парламентот, за стресот што го доживеа на 24 декември, за обидот за спречување на неговото работење, нападот на некој начин или обидот за напад. Тоа е најдоблесно што би можеле да го направат, рече Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот денеска беше на отворање ново повеќенаменско игралиште во населбата Ѓорче Петров.