Груевски: СДСМ со предложените проекти го потценува интелектот на граѓаните

СДСМ со предложените мерки и проекти го потценува интелектот на граѓаните, изјави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на спортската сала во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар.

- Најголем дел од проектите на СДСМ се необмислени и се нафрлаат без конкретни бројки за буџет и рокови за изведување и завршување. Може да се каже, извадени се од џеб. Имам чувство дека тие може да ветат дека минималната плата ќе биде 10.000 евра, дуплирање на годишните одмори, дури и да речат дека Сонцето ќе изгрева наместо од Исток кон Запад, обратно, и се ова се однесува за поголем дел од работите што тие велат дека се проекти. Нам ни останува да останеме фокусирани на реалните проекти и решавање на реалните проблеми, рече Груевски, одговорајќи на новинарски прашања.