Наскоро ќе се реконструира Скопската железничка станица
Темелната реконструкција на Скопската железничка станица ќе почне кон крајот на март или почетокот на април годинава. Ќе се инвестираат 2,6 милиони евра со што ќе се обноват сите нејзини витални делови, најави денеска премиерот Никола Груевски.
- Подготовките за нејзино реконструирање се во завршна фаза, се работи на евалуација на доставените понуди која би требало да заврши до крајот на месецов. Кон крајот на март или во април треба да започне темелната реконструкција која е прва откако е направена станица, рече премиерот Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на повеќенаменско игралиште во општина Бутел.
Тој истакна дека за реконструкција ќе се инвестира 2,6 милиони евра со кои,како што нагласи, ќе се oпфатат билетарниците, тоалетите, ќе се направат пристапни рампи за инвалидизирани лица, чекални...
- Со тоа ќе се подобри се она што е потребно за еден патник кој пристигнува или заминува од оваа железничка станица, како и за самите вработени што работат во неа.