Во три одвоени акции полицијата заплени над 140 килгорами дрога
Четири лица се лишени од слобода, за три од нив е определена мерка притвор од 30 дена, а други пет се во бегство, во врска со три одвоени случаи во кои полицијата заплени поголема количина дрога, а во рамки на операцијата „мрежа“ за сузбивање на нелегалната трговија за злоупотреба на наркотици.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес-конференција нагласи дека во два од случаите се пресечени меѓународни канали што служеле за шверц на наркотици главно од Албанија.
Министерството за внатрешни работи против приведените има поднесено кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Во првиот случај во кој дрогата од Албанија преку Македонија и Грција требало да биде пренесена до западноевропските земји, од слобода се лишени двајца македонски државјани, а запленети се 136 пакувања односно 135,5 килограми марихуана и 5 килограми хашиш или вкупно 140 килограми дрога. Според досегашните сознанија, истакна Јанкулоска, запленетата дрога потекнува од Албанија, а нејзината проценета вредност е околу 500 илјади евра.
Во близина на граничниот камен број 54 во зелениот појас на граничната линија со Грција, информира Министерката, фатени и лишени се од слобода две лица од Стојаково на возраст од 47 и 49 години.
- Кај нив се пронајдени 5 торби во кои имало 138 пакувања марихуана и хашиш. Во бегство се уште 5 засега непознати лица. Полициската патрола пронашла и патничко моторно возило со привремена бугарска регистрација користено за транспорт на дрогата. Утврдено е дека табличките потекнуваат од друго возило, појасни Јанкулоска и додаде дека пронајденото возило е сопственост на 40-годишно лице од село Калишта од Струга. Тој е лишен од слобода, а на подрачјето на Струга извршен е претрес кај сопственикот на возилото и лице од село Франгово. При претресот пронајдени се ловна пушка, реденик со 15 патрони, воздушна пушка пиштол калибар 7.62, куршуми и празни рамки. Во тек се активности за утврдување и на други членови на криминалната група и целосно расчистување на случајот.
Вториот случај, полицијата во заседа на локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Ломница и Неготино во близина на месноста Кисела Вода, пресретнала две непознати лица, најверојатно дражвјани на Албанија, кои дале активен отпор и избегале во блиската шума. Едното лице го фрлило ранецот што го носело, а во него имало 6,5 непозната тревкаста материја, која најверојатно е марихуана.
Во третиот случај, посочи Јанкулоска, по претходно добиени оперативни сознанија приведено е едно лице од Охрид познато под прекарот Момир, кој со возило „пежо 206“ тргнал на патот кон Битола за да достави марихуана, а претходно дел оставил и во Ресен. Најверојатно се обидел да се ослободи од хероин за време на возењето.
За овој случај, истакна министерката Гордана Јанкулоска, полицијата се уште постапува и презема активности за негово расчистување.