Груевски: Работиме на квалитетни решенија за уставните измени
Владата е отворена за разгледување на сите предлози кои се однесуваат на уставните измени, вклучително и на Венецијанската комисија, која е исклучително важна, изјави денеска премиерот Никола Груевски.
- Отворени сме за разгледување на сите предлози, вклучително и на Венециската комисија. Секако таа е исклучително важна. Ги разгледуваме сите предлози и сите идеи, ги анализираме во контекст на Венецијанската комисија. Имавме и посериозни контакти и комуникации. Во фаза на анализа сме за сите предлози и наскоро ќе излеземе со наш став и со конечен предлог, изјави Груевски, кој денеска присуствуваше на пуштање во употреба на спортски полигон во скопската наслеба Ѓорче Петров.