Пред турски компании претставени инфраструктурните проекти во Македонија
Пред компании од Асоцијацијата на млади бизнисмени ТУГИАД заинтересирани за инвестиции во Македонија се претставени инфраструктурните проекти во патната и железничката инфраструктура, гасификацијата и проектите од туризмот во државава.
Се работи за компании од градежниот сектор, хотелиерството, енергетиката и рударството, автомобилската индустрија и железничкиот сектор, пред кои за инфраструктурните проекти и најавените инвестиции во Македонија зборуваше министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во посета на Турција.
За проектите што се реализираат за подобрување на инфраструктурата во Македонија Јанакиески информирал и на средба со турскиот колега Лутви Елфан. - На средбата е договорена размена на 100 дополнителни транспортни дозволи за 2014 година кои македонските превозници ќе можат да ги користат, се вели во соопштението.