Груевски: СОНК го променија мислењето и излегоа со нереални барања
Премиерот Никола Груевски смета дека СОНК има неодговорен и непринципиелен однос и оти поради изборите во синдикатот преку ноќ го променија мислењето и излегоа со нереални барања.
- СОНК е синдикат со кој досега имавме најдобра соработка во смисла на дискусија за проектите. До вчера викаше дека Владата ги надмина нивните очекувања и се исполнува многу повеќе од тоа што очекуваат, а сега неколку месеци пред изборите внатре излегоа со барања кои не се реални, рече премиерот во интервјуто во емисијата „Јади бурек“.
Тој додаде заради таквиот однос немаат поддршка и штрајкуваат помалку од 10 отсто од наставниците.
- Досега направивме многу во образованието. Ја зголемивме минималната плата која во 2006 година изнесуваше просечно 7.600 денари. Тансфериравме работен однос на 7.000 наставници во постојан работен однос, се потпиша колективен договор, шест години по ред имаме бесплатни учебници, ги зголемивме платите во образованието неколкукратно, се направија куп чекори кои променија многу нешта, истакна премиерот.
Тој потенцира дека секогаш се отворени за разговори но кога станува збор за реални и разумни барања.