Книги од 12 македнски класици достапни на интернет станицата на „Македоника“
Дванаесет книги од значајни македонски автори од денска се достапни на интеренет страницата на „Македоника“, една од најголемите дигитални библиотеки во регионот и едиснтевна која е достапна бесплатно.
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, по посетата на библиотеката по тој повод изјави дека станува збор за проект од Програмата за поддршка на електронското издаваштво како своевиден тренд во светското издаваштво.
- Посебно радува фактот што електронското издаваштво, дигиталната публикација на книги, публикации, списанија и др. е еден светски тренд кој што во РМ навистина застанува на здрави нозе. Министерството за култура континуирано во рамките ан конкурсот и на годишната програма гледа да даде поддршка на електронското издаваштво. Оваа година околу три милиони денари беа издвоени за таа намена, а тука влегува и поддршката за фондацијата „Македоника“ каде што имаме можност преку нашата поддршка 12 истакнати автори да се најдат во оваа дигиална библикотека. Тука се Славко Јаневски, Ѓорги Абаџиев, Живко Чинго, и многу други, рече Канческа - Милевска.
Таа потенцира дека електронското издаваштво е многу важно бидејќи придонесува за подигнување на образованието на целокупната читателска публика, а електронската библиотека на Македоника многу ја користи и дијаспората.
- Ние ќе продолжиме со нашата поддршка во таа насока бидејќи еден од приоритетите е токму електронското издаваштво, рече министерката за култура.
Зоран Спасов еден од основачите на Македонија рече дека на нивната интернет старница по 20 месеци од основањето можат да се најдат преку 600 бесплатни книги. Досега имаат регистрано околу 32.000 регистрирани читатели од кои многу се надвор од Скопје, а уште повеќе, вели, се надвор и од Македонија.
- Ова е единствена можност сите граѓани на Македонија кои живеат во дијаспората или се малцинство во соседните земји да дојдат во допир со дела на нивниот мајчин јазик. Целата македонска литература се обидуваме да ја направиме бесмртна и достапна во неограничен тираж почнувајќи од Свети Климент па до современите дела. Фондација Македонија со својот софтвер и портал е единствен проект во светот за што сме признаени од сите соседни држави и поширока и со тоа сме лидери не само во Македонија туку и пошироко на Балканот, рече Спасов.
Тој најави дека за 10-тина дена ќе излезе новата верзија на апликацијата Македоника што може да симне на кој било мобилен уред, таблет, смартфон, со што очекува да влезат меѓу петте најдобри е-библиотеки во светот.
Инаку, министерката Канческа Милевска потенцира дека со програмата за поддршка на дигиталното издаваштво се поддржани и голем број списанија и публикации како е-списанијата „Блесок“, „Вакат“, „Репер“, „Разноликост“, Quest Macedonia, Cooltura, но и проекти во делот на музичката уметност како Центарот за музикологија ЦЕМ, Центарот за промоција на култура и туризам од Скопје и други. Таа изрази надеж дека наскоро на нејзините станци ќе може да се најдат голем број дела кои се преведуваат како оние од едициите „Ѕвезди на светската книжевност“, 135 тома македонска книжевност итн.
Фондацијата Македонија е платформа која има цел покрај зачувување и негивање на македонското литературно творештво и потткнување на читањето и на пишувањето. На нејзината интентер станица така може да се најдат преку сто дела коишто прв пат се излезени во електронски формат, а нудат и избор на лектири за основно и средно образование.