Груевски најави повисоки плати за неколку категори лекари специјалисти
Зголемување на платите на лекарите во итната медициска помош, на лекарите специјалисти во здравствените домови и во центрите за јавно здравје, како и на фармацевтите специјалисти, најави денеска премиерот Никола Груевски.
По одлуката за зголемување на платите на медицинските сестри кои имаат завршено високо образование, а што ќе стартува со февруарската плата, Груевски во интервју за ТВ Сител рече дека ќе има покачување и на платите на неколку категории пред се лекари.
- Прво на лекарите во итната медицинска помош каде што платите ќе се зголемат за над 11 посто или околу 2.700 денари повеќе отколку сегашната плата, потоа лекарите специјалисти во здравствените домови, лекарите специјалисти во центрите за јавно здравје и фарамцевтите специјалисти. Последниве две категории ќе имаат зголемување за 14,5 отсто зголемувањена плата или околу 4.000 денари ќе преставува нивното зголемување на сегашната плата, рече Груевски.
Проценката, додаде, беше дека откако ги зголемивме платите на специјалистите во клиниките и болниците останаа сепцијалистите во здравствените домови, во Итната медицинска помош, во центрите за јавно здравје и фармацевтите специјалисти. - Така што одиме со овој чекор со зголемување на нивните плати и мислам дека тие тоа го заслужуваат. Станува збор за промена на колективен договор со којшто ќе се згоелмат нивните плати. Го заслужуваат затоа што луѓето си ја работат работата, имат релативно ниски плати, истакна Груевски.
Според него, ќе се реализира и ветувањето за минималната плата и од јануари нејзиниот износ ќе се зголеми од 9.590 денари на 10.080 денари во сите индустрии освен текстилната и кожарската каде што ќе се зголеми од 8.050 на 9.000 денари. - Скоро илјада денари зголемување на минималната плата. А во тие две дејности до 2018 година ќе се изедначи со минималната плата на другите дејности до 10.080, како што е предвидено во програмата. Значи од 1 јануари се зголемува минималната плата во сите дејности онака како што е ветено во нашата програма, рече Груевски.