Димитриев: Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите партии
Датумот на изборите е дефиниран со закон и изгласан од сите политички партии во Собранието и е дел од договорот од Пржино
Ова денеска го истакна премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев во Владата одговарајќи на новинарско прашање.
– И сметам дека треба да се држиме до она што веќе го имаме договорено и изгласано во Собранието на Република Македонија, рече Димитриев.
Тој не гледа ниту една причина 24-ти април да биде дискутабилен како датум за предвремени избори.