Спасов: Преку „Македонија вработува“ над 15 илјади лица нашле работа
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска во рамките на посетата на Кочани престојуваше во Модната конфекција „Мај фешн“ каде што преку проектот Македонија вработува се вработени 101 лице. Во Македонија преку истиот проект се вработени 15.200 лица.
- Општина Кочани е една од општините во кои се постигнати најголем број вработувања преку мерката „Македонија вработува“, вкупно досега се вработени 1.040 лица, потенцира Спасов.
Според него, оваа мерка дава исклучително големи резултати - 15.200 отворени работни места постигнати за една година.
- Проектот завршува на 15 април, при што сакам да ги поттикнам приватните компании да ја искоритат оваа шанса за заштеда на средства од 37 до 27 проценти кпреку ослободувањето од трошоци или пак субвенција од страна на државата, рече Спасов.
Македонските компании, додаде заменик министерот за труд и социјална политика, можат да заштедат големи финансиски средства преку искористувањето на поволностите што ги нуди проектот.
- Од овие 15,200 работни места најголем е бројот на вработени лица до 35 години-10.000 лица, до 29 години - 4.000 лица, а од 29 до 35 години 5.000 лица. И кај лицата од 35 до 50 години кои повеке од 10 години чекаа вработување преку оваа мерка се вработени 2.000 лица, додека над 50 години се вработени 3.000 лица, истакна Спасов.
Тој додаде дека 8.400 компании од Македонија ги искористиле поволностите од овој проект и очекува дека нивниот број до крајот на проектот да се зголеми.
Претседавачот на Советот на општина Кочани Јордан Димитров истакна дека општина Кочани во целост ја подржува мерката Македонија вработува бидејки 258 компании од општината вработиле 1.040 лица. Ова, рече Димитров, за општината значи многу.
Весна Паунова од компанијата „Мај фешн“ е задоволна од владината мерка Македонија вработува бидејки и овозможила да вработи 99 лица и да ја оформи компанијата која веке успешно една година работи. За наредните денови таа најави вработување на уште десетина нови работници согласно овој проект.