Пензионерите на средба со Димитриев, благодарни за поддршката од Владата
Сојузот на пензионери, предводен од претседателот Драги Аргировски, денеска оствари средба со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.
По повод 70-годишнината од организираното пензионерско здружување во Македонија, Сојузот на пензионерите на премиерот Димитриев му врачи плакета за благодарност за Владата на Република Македонија заради нејзиниот придонес и соработката која е од значење за интересите на пензионерите.
Пензионерите изразија благодарност до Владата за зголемувањето на пензиите и нивната навремена исплата, за проектите кои се однесуваат на задоволување на потребите на пензионерите, како и за отвореноста на Владата за средби и дијалог за сите прашања кои се од значење за пензионерите.
Премиерот Димитриев нагласи дека еден од врвните владини приорите е поддршката за пензионерите, истакнувајќи дека Владата и во иднина ќе спроведува мерки и активности чија цел е унапредување на позицијата на пензионерите.