Телеграма со сочувство од Димитриев до Медведев
Почитуван Господине Премиер,
Ваша Екселенцијо,
Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за грозоморното убиство на вашиот амбасадор, Неговата Екселенција Андреј Карлов, во Анкара.
Осудувајќи го овој терористички чин, во овие исклучително тажни моменти за Вас, за граѓаните на Руската Федерација и семејството на амбасадорот Карлов, дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на искрено и најдлабоко сочувство, Вам и на семејството на амбасадорот Карлов.
Емил Димитриев
Н.Е. г-дин Дмитриј Медведев
Премиер на Русија
Влада на Русија
Москва