Попоски: Непристојно е кога премиер или претседател од соседна земја се меша во внатрешни работи
Не е пристојно ниту соодветно кога Премиер или Претседател од соседна земја директно се меша во внатрешни работи. Особено не во период по демократски спроведени избори и пред формирање на влада, бидејќи се испраќаат погрешни сигнали во регионот, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски во однос на прашањето за мешањето на Тирана и Приштина во внатрешните работи на Македонија.
- Секако дека е опасен овој пристап во место со мултикултурна традиција. Многу е далеку од практиката на добрососедството. Доколку сите сме согласни дека иднината ни е во Европа, тогаш борбата е да обезбедиме стабилност, мир, правда и економски просперитет за сите граѓани. Секогаш сме биле крајно коректни во соработката со соседите. Најдобро ќе биде и тие да ни се придружат по тој пат, наместо да се поставуваат мини кои носат ризик за сите, подвлекува Попоски.