Премиерот Заев по средбата со Жбогар: Нема поважна цел за Македонија од ЕУ и НАТО!
Дозволете да ги информирам граѓаните со задоволство првиот состанок го одржав како премиер или претседател на Владата на Република Македонија со амбасадорот и неговиот тим, со амбасадорот на Европската Унија.
Секако сум среќен заради тоа што нема поважна цел за нашата Република Македонија, освен интеграциите во ЕУ и НАТО. Имавме плоден состанок којшто траеше повеќе од час и половина на којшто разговаравме за сите детали и за обврските на Владата којшто треба да ги направи на нашиот пат кон ЕУ. Разговаравме за отпочнатите проекти, разговаравме за она коешто претставува континуитет во работењето на тој пат, но најмногу секако разговаравме за реформите.
Ги дефиниравме отприлика агендите којшто претстојат пред нас, го запознав амбасадорот со новите министри и нивите надлежности, советите како ќе ги поставиме и како ќе бидеме целосно посветени на целиот овој интегративен процес од секој аспект. Од аспект на реформите, од аспект на подобрувањето меѓусоседските односи, од аспект на комуникацијата со Брисел и ЕУ, генерално, се со конечна цел од сите можни аспекти да ги придвижиме процесите за Македонија да ден поскоро ги придвижи работите како што следуваат, а тоа ако може да ја тргнеме поскоро условената препорака, ако даде Господ со добра работа преку реформите и со многу посветеност на сите во земјата. Кога зборувам на сите, тоа значи и власт и опозиција, и извршна и законодавна власт, и сите други партиципиенти во секојдневниот живот, да овозможиме надеж дека ќе отпочнеме преговори со ЕУ, час поскоро, знаете дека тоа прашање зависи и од горливиот проблем којшто Република Грција го има со нашето уставно име, но ние сакаме да работиме во тој правец, се со конечна цел да предизвикаме стартно големо охрабрување и оптимизам кај граѓаните во она што не чека во периодот пред нас, а навистина соодветно во времето да биде покриено и со практични реализации на нашите надежи којшто ги имаме како влада.
Новата Влада е комплетно оптимистички настроена целосно е позитивна и би сакале нашата позитивна енергија да ја пренесеме на граѓаните, заради тоа што со голем оптимизам и позитивна енергија, верувам дека и самите на себе би си помогнале како земја, како граѓани во она што предстоји пред сите нас.