Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми задолжен за дијаспората денеска присуствуваше на Тематскиот форум „Предизвици,перспективи и потенцијали на миграциите“ организиран од страна на CIVICA mobilitas .
На Тематскиот форум министерот Едмонд Адеми учествуваше во Панел дискусијата со наслов „Предизвици и потенцијали од миграциите во и вон Македонија “ каде истакна дека во последните години, речиси ништо не е направено и се изгубени јасните можности да дијаспората од Македонија биде дел од севкупниот развој на Македонија. Има јасни и конкретни примери од целиот свет кои недвосмислено покажуваат дека токму дијаспората е еден од клучните двигатели на економските процеси во татковината.
Оваа цел може да се оствари само со долгорочна посветеност на земјата и изградба на политики кои ќе ја промовираат улогата на дијаспората и ќе ги олеснат процедуралните постапки за конкретни инвестиции а во исто време ќе гарантират и стабилност на инвестициите.
Вооедно министерот Адеми истикна дека се работи на градењето на столбовите (политички,економски,културен,образование-наука и млади) кои се од особен интерес за функционирањето на дијаспората и државата.