Брифинг за новинари, сниматели и фоторепортери во врска со настан посветен на конечниот договор за решавање на македонско - грчкиот спор за името и стратегиско партнерство

Денеска во 17:00 часот во Медиа Центарот на Владата на Република Македонија ќе се одржи брифинг за новинарите, снимателите и фоторепортерите на којшто портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски ќе сподели информации со медиумите во врска со одржувањето на настанот посветен на конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство. 

Присуството на сите медиуми коишто сакаат да известуваат од настанот е задолжително.

Календар Влада: 
E premte, Qershor 15, 2018 - 17:00 to E shtunë, Qershor 16, 2018 - 17:45