Груевски: Во аферата со Македонски телеком подмитените политичари од СДСМ го штителе монополот на Телекомот
Аферата „Телеком“ со подмитување политичари од актуелната власт во 2005 и 2006 година не е нова работа. ФБИ истрагата ја водеше заедно со македонското МВР и Обвинителство, а пред три години МВР покрена кривична пријава и судска постапка против три лица кои денес се во бегство и за нив е издадена меѓународна потерница. Штом тие бидат пронајдени ќе бидат изведени пред суд и веројатно ќе се дојде и до одредени нови сознанија.
Тоа го изјави премиерот Никола Груевси одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на двојно тениско игралиште во ОУ „Јан Амос Коменски“ во населба Карпош. Според неа, значајна работа е што деновиве случајот се актуелизира откако американската Комисија за хартии од вредност и „Дојче телеком“ постигнаа согласност да го прекинат процесот со тоа што се исплати одреден надоместок од „Дојче телеком“, а во Македонија се отвори темата и, вели, обично, оној којшто ја има мувата на капата најмногу си ја ишка.
- Во случајот сите сме свесни дека во овој извештај јасно е напишано оти постои сомневање за подмитување на политичари од актуелната власт од 2005 и 2006 година заради тоа што не дозволувале, т.е. мотивите биле да не дозволат либерализација на мобилната телефонија, односно можност за влез на трет мобилен оператор, додаде тој.
Укажа на инсистирањата на ВМРО-ДПМНЕ која тогаш беше опозиција за влез на трет мобилен оператор на пазарот во Македонија кои биле игнорирани од СДСМ.
- Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција најмалку 10 пати, можеби и 20, правевме прес-конференции повикувајќи го СДСМ да овозможи влез на трет мобилен оператор за да се зголеми конкуренцијата и цените на телефонските услуги да паднат. СДСМ тоа го игнорираше. И сега ни е јасно зошто тоа го игнорирала. Нам не ни е јасно сега, нам ни беше јасно и тогаш, но сега на целокупната македонска јавност и е јасно зошто четири години СДСМ не отвораше тендер за трет мобилен оператор и ги игнорираше нашите повици и повиците на сите граѓани кои што плаќаа астрономски суми за разговорите и имавме една од најскапите телефонски мобилни услуги во Европа, рече Груевски.
Тој постети дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во рок од 60 дена беше отворен меѓународен тендер за трет мобилен оператор и избран трет мобилен оператор и за шест месеци од шперземањето на власта цените паднаа за околу 70 проценти.
- Оттука е јасно кој го штител монополот, а кој не го штител монополот. Така што гротестно изгледаат денешните прес-конференции за ишкање на мувата од капата на СДСМ кога нас нешто не повикува да разрешиме дека ние нешто сме се плашеле, сме криеле итн., кога е сосема јасно и по самиот извештај тоа може да се забележи дека се работи за подмитување на политичари од времето кога СДСМ беше на власт со цел да се оневозможи влез на трет мобилен оператор за граѓаните и натаму да плаќаат 70 проценти поскапи сметки за да може Телекомот да заработи повеќе пари на сметка на граѓаните, посочи Јанкулоска.
Таа повтори дека ВМРО-ДПМНЕ многу пред ова да се случи уште во 2007 година покрена истрага, а во 2008 и кривични пријави против тогашниот генерален директор на Македонскиот телеком Атила Сендреи и уште двајца други.
- Случајот се наоѓа во судска постапка, личностите избегаа, тие се во бегство и за нив има меѓународна потерница, ги бара Интерпол и оној момент кога ќе ги најде ќе знаеме повеќе детали. Во овој момент ниту ФБИ ниту македонската полиција и македонското Обвинителство ги немаат деталите околу тоа кој точно ги земал во тоа време додека СДСМ работел за интересите на Телекомот кој точно ги прибрал парите. Но, се надевам дека како времето ќе тече судскиот процес ќе се развива, особено доколку се дојде до овие што се избегани дека на тој начин ќе се дојде точно и до имињата на тие што биле подмитени, рече премиерот Груевски.