Учество на министрите Манчевски и Поповски на дебатата „Перспективите на истражувачкото новинарство“

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ќе учествуваат и ќе се обратат на дебатата: „Перспективите на истражувачкото новинарство“, која ќе се одржи во четврток (24.01.2019), во хотелот „Холидеј Ин“, сала Милениум 2, од 10:00 до 13:00 часот. 

Дебатата, организирана од Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфоцентар ќе опфати две панел дискусии. Првата, со фокус на прашањето „Дали зголемениот број на истражувачки стории во медиумите е долгорочен тренд или само краткотрајна промена?“ и втората со наслов „Дали базите на отворени податоци придонесуваат кон подобрување на истражувачкото новинарство?“.

Календар Влада: 
E enjte, Janar 24, 2019 - 10:00 to 13:00